ТРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА „ОХРИД ОПЕН 2022“

Во Спорт
мај 23, 2022
0 минути

Во конкуренција на 600 натпреварувачи од десет држави каратистите од Карате Клуб „Кочани“ освоија 3 медали, 1 сребро и 2 бронзи.

На Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2022“ кочанчани учествуваа со осум натпреварувачи од кои Иван Арсов во категоријата кадети +70 килограми го освои сребрениот медал по загубеното финале од претставникот на Грција, додека Лука Горгиев – помлади кадети до 45 килограми и Илија Охомуш – кадети до 70 килограми се закитија со бронзените медали.

„Задоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи. Во ваква силна конкуренција трите медали радуваат, а радува и пласманот на останатите натпреварувачи кои иако не освоија медали сепак имаа добри борби. Се надевам дека со континуирана работа во мошне кратко време и тие ќе почнат да се искачуваат на пиедесталот“ беше изјавата на Игор Каров – тренер на КК „Кочани“.

С. Ивановски