МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР – ЖФК „КОЧАНИ“ ГО СОВЛАДА „КАРАКАЧ АРДА СПОР“

Во Спорт
мај 11, 2024
0 минути

Требаше да поминат шест години па ЖФК „Кочани“ да одигра Меѓународен пријателски фудбалски натпревар.

Денес девојкината на тренерот Оливер Јовановски на Градскиот стадион во Валандово ја совладаа екипата на „Каракач Арда Спор“ од Едрење (Република Турција) со 3:0 (2:0).

Стрелци на головите за кочанчанки беа Нина Манасиева (2) и засилувањето за овој натпревар Кате Милеска (1) инаку член на ЖФК „Кочани“ во шампионскиот состав од натпреварувачката 2013/2014 година.

ЖФК „Кочани“ последниот контролен натпревар го имаше одиграно на 29.05.2018 година кога на стадион „Никола Мантов“ во Кочани ја пречекаа екипата на „Престиж Сокер Тренинг“ (САД) а славеа гостинките со 4:1 (2:1).

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ