„ОСОГОВО“ СО СЛУЖБЕН РЕЗУЛТАТ ГО ДОБИ НАТПРЕВАРОТ СО „СПАРТМАНИ“

Во Спорт
октомври 13, 2022
1 минути

Комисијата за жалби во Трета Фудбалска Лига – Исток ја усвои поднесената жалба на ГФК „Осогово“ за натпреварот против екипата на „Спартмани“ одигран во рамките на 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток и натпреварот е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Кочанчани.

За потсетување само, спомнатиот натпревар одигран во Градско Балдовци заврши со победа на домаќините (Спартмани) од 1:0, но кочанчани поднесоа жалба за настап на играч (Митко Цонев) кој како што беше наведено во жалбата воопшто не е регистриран за екипата на „Спартмани“.

Комисијата за жалби ги разгледа сите поднесени документи и одлучи натпреварот да биде регистриран со службен резултат во корист на Кочанчани, а согласно пропозициите против играчот и клубот ќе биде поведена дисциплинска постапка.

С. Ивановски