МЕЃУНАРОДЕН ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО ШАХ „ИГРАМЕ ШАХ ЗА КОЧАНИ 2025“

Во Спорт
мај 21, 2025
1 минути
  1. Шаховски турнир во забрзан шах „ИГРАМЕ ШАХ ЗА КОЧАНИ 2025, организиран од Општина Кочани, Градски Шаховски Клуб „Кочани“ и со поддршка на Шаховската Федерација на Македонија, кој ќе се одржи на 14.06.2025 година, Сабота, со почеток во 10.30 часот во 5* хотел “АМОР”, Кочани

Сите приходи од овој турнир се донираат во фондот за загинатите и повредените во несреќата која се случи на 16.03.2025 во Кочани.

  1. Пријавување на турнирот може да се направи најдоцна до 14.06.2025 година до 09:00 часот, а потврда за присуство на турнирот треба да се направи од 9:00 до 10:00 часот (Играчи без FIDE код треба да се пријават најдоцна еден ден порано со 300 денари платена такса согласно правилникот за регистрација на Шаховската Федерација на Македонија)
  2. Турнирот ќе биде рејтингуван во ФИДЕ и ќе се игра согласно ФИДЕ правилата за забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем.
  3. Сите партии ќе се играат на 14.06.2025 (Сабота) со почеток во 10:30 часот. Еден час пауза е планирана после 5то коло.
  4. Турнирот е меѓународен и отворен за сите заинтересирани шахисти без оглед на рејтинг, титула или место на живеење.
  5. Таксата за регистрација е 500 денари и истата ќе биде донирана во фондот за донација.

Уплатите можат да се направат на следната сметка: 300-050000195925 во Комерцијална Банка, со цел на дознака “за КОЧАНИ РАПИД 2025”.

  1. Главен судија ќе биде ИА Зоран Стојчевски.
  2. Темпо за игра ќе биде 10 минути по играч со 5 секунди додавање по потез почнувајќи од првиот.
  3. Наградниот фонд обезбеден од Општина Кочани ќе биде дониран во фондот за донација на загинатите и повредените

Организаторот ќе обезбеди таблети за првите 3 шахисти, како и Пехар и медали за најдобрите. За најдобрите ќе има други стокови награди, шаховски книги, шахови и слично.

При ист број на бодови играчите ќе бидат пласирани според следните дополнителни критериуми:

  • Бухолц -1
  • Бухолц
  • Поголем број на победи
  • Прогрес

Ќе бидат поделени медали и шахови за:

  • Најдобра не наградена жена
  • Најдобар млад играч до 18 години (родени 2007 и помлади)
  • Најдобар ветеран од 65 години и постари (родени 1960 и постари)
  • Најдобар играч без титула до 2100 рејтинг поени.
  • Најдобар играч без титула до 1900 рејтинг поени.
  1. Пријавување за турнирот може да се направи кај:

ИО ИА Зоран Стојчевски zocpoc@hotmail.com

ИМ Марјан Митков marjan.mitkov@gambit.com.mk

Шаховскa Федерација на Македонија и Градски Шаховски Клуб Кочани

Кочани, Мај 2025 год.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ