„РУДАРИТЕ“ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГО СОВЛАДАА “ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 11, 2023
0 минути

И на вториот контролен натпревар каско домаќини,  вкупно трети, „Осогово“ го претрпе вториот пораз. Кочанчани овој пат загубија како домаќини од второлигашот „Каменица Саса“ 1:3 (0:1). Иако гостите од дваесеттата минута играа со играч помалку поради оправдано доделениот црвен картон на Ризов сепак покажаа дека во моментот и те како се поспремни од „жетварите“.

Физички поподготвени,  со неколку мошне добри поединци „рударите“ од Македонска Каменица навестуваат една убава пролет.

Стрелец на единствениот погодок за „Осогово“ беше Љупче Пеов откако гостите имаа веќе водство од 3:0, а додека головите за „Каменица Саса“ ги постигнаа Саше Дуков (2) и Филип Николовски.

Судиската тројка предводена од главниот судија Драган Јаневски мошне коректно го отсудија натпреварот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ