Кочанчани мирно и без никакви инциденти ја поминаа новогодишната ноќ. Најмногу од жителите на Кочани дочекот на Новата Година го поминаа во семејни домови, одредена бројка во угостителските објекти и вон градот а „Паркот на Револуцијата“ беше местото каде поголема група Кочанчани во атмосфера пола со забава ја дочекаа Новата а ја испратија старата година.
Како што дознаваме ноќта поминала мирно без ниту еден инцидент. Добро е што Територијалната Противпожарна Единица – Кочани, Полицијата и Општа болница со проширена дејност немаат ниту една интервенција.
Така да се продолжи и во иднина.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ