МЛАДИНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КОЧАНИ, СОБРАНИ 25 КРВНИ ЕДИНИЦИ

декември 6, 2022
0 min read

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска ја реализираше младинската крводарителска акција на која крв даруваа 25 крводарители.

Младинската акција се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и беше наменета за ученици и вработени во средните училишта во Кочани, студенти и млади лица.

„Согласно Годишниот план за крводарување, Црвен крст Кочани ја реализира планираната младинска крводарителска акција наменета за учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, како и за сите студенти и млади лица од општините. Младинската акција ја реализираме во СОУ „Љупчо Сантов“ со цел да бидеме поблиску до младите и со тоа да им овозможиме за прв пат да даруваат крв и да се приклучат во големото семејство на крводарители“ истакнаа од Црвен крст – Кочани.

На младинската акција најголем дел од дарителите даруваа крв за прв пат. Акцијата беше 21 – по ред што годинава ја реализира Црвениот крст . Во текот на годината Црвен крст – Кочани  реализира две младински крводарителски акции, најчесто напролет и наесен.

До крајот на календарската година планирано е да се реализираат уште две крводарителски акции и тоа во Општина Зрновци и редовната граѓанска акција, последниот четврток во месецот во Црвен крст – Кочани.