МВР – 44 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

октомври 19, 2022
1 минути

Денеска (19.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санкционирани се 44 возачи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МВР