МВР СО АПЕЛ КОН МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ПРОТИВ КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

декември 21, 2021
1 min read

Преку лепење плакати и делење флаери, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани, претставници од полициската станица во Кочани, во присуство на директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани, упатија апел кон учениците и младите генерации против употребата на пиротехнички средства.

-Целта на оваа наша активност е да ја почнеме превентивната кампања која секоја година ја организира Министерството за внатрешни работи за превенција и заштита од злоупотребата од пиротехничките средства. Минатата година бидејќи училиштата не работеа заради пандемијата, едукативни предавања не беа вршени, како и оваа година. Затоа нашата кампања ќе ја водиме преку медиумите и преку лепење плакати и делење флаери со едукативни содржини. Оваа кампања ќе ја спроведеме во сите училишта на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи во Кочани, Општина Зрновци и Општина Чешиново – Облешево. Глобата за употребата на пиротехничките средства е од 200 до 500 евра, во зависност од начинот на сторениот прекршок. – истакна Момчило Хаџи Паунов, заменик командир на ПС Кочани.

Затоа ОВР Кочани упатува апел до сите граѓани, а посебно младата популација да не употребуваат вакви опасни играчки, зашто тие можат брзо и лесно да предизвикаат сериозни последици и секое нивно евидентирано користење или продавање, истите да се пријават на полициските службеници на терен или да се јават на бесплатниот телефонски број 192.

Општина Кочани