ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ – КОЧАНИ

декември 28, 2021
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во пресрет на Новогодишните празници оствари средба со претставници на Здружението на пензионери од Кочани.

На средбата се разговараше за досегашната соработка на релација Здружение на пензионери со Општина Кочани а беа изнесени и нови идеи за понатамошна соработка.

Главен акцент беше ставен и на изградбата на Старечкиот дом.

По ова прашање Градоначалникот Папазов ги информираше претставниците на пензионерите за тековните активности на проектот.