Се известуваат граѓаните и институциите дека во понеделник, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ќе ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Ќе бидат опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Во вторник, 19.07.2022 година во раните утрински часови стручни екипи на Друштво за авио услуги Бониер ДООЕЛ Куманово ќе ја спроведат втората фаза од авио третирањето против комарци. Со авио третирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје Кочани и низинските села кои припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
Ќе бидат употребени широкопојасени инсектициди, одобрени од Бирото за лекови.
Општина Кочани