НА 21. ЈУЛИ ВО КОЧАНИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

јули 17, 2026
1 минути

Во вторник, 21 јули 2026 г., со почеток од 10 ч., во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар, Министерството за економија и Општина Кочани организираат презентација на дел од активните мерки за вработување и самовработување од Оперативниот план за 2026 година: Обука на работно место кај конкретен работодавач и Поддршка во креирање на нови работни места, со посебен акцент на подмерката Раст на правни субјекти.

На презентацијата пред стопанственици од Кочани ќе говорат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и градоначалникот Владко Грозданов.

На настанот ќе присуствуваат и директорката на Агенцијата за технички иновации „Инова“ Даниела Димовска, како и претставници од Центарот за вработување во Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ