Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „Малата принцеза“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.
Претставата е приказна за принцезата со златен глас, во режија на Сања Гацовска.
Играат членовите на драмското студио:
Маја Станојкова, Андреа Митева, Алекс Дончевски, Ана Тасева, Софија Беличева, Ана Лефкова, Марија Гоцевска, Душица Ѓорѓијевска, Ели Димитрова, Илина Гушкова, Анастасија Димитрова и Софија Ангелов.
Премиерата на претставата е закажана на 11.05.2026 година ( понеделник ) во 18 часот.
На 12 и 13 мај, во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани училишни посети наменети за деца од прво и второ одделение и за деца од предучилишна возраст.
Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.
Со почит,
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
