НА ЕЗЕРОТО „ГРАТЧЕ“ УЛОВЕНА РИБА, КАПИТАЛЕЦ ТЕЖОК 51,60 КИЛОГРАМИ

август 4, 2025
1 минути

Во текот на вчерашниот ден на вештачкото езеро „Гратче“ кај Кочани уловен е капиталец тежок 51,60 килограми што е досега најголема уловена риба во водите на ова езеро.

Јорданчо Минов и Кристијан Јангелов на блинкер уловиле капиталец од сортата Тостолоб или попознат како „чистач“ кој е од родот тревопасни риби, односно се храни со тревата која е во водите на езерото.

Двајцата рибари капиталецот го имаат фатено со блинкер а го уловиле на средината на езерото веднаш спроти „Стариот мотел“ додека ловеле од чамец.

Тостолобот освен 51,6 килограми тежина има и 146 см. должина што е вистинско ремек дело за рибарите кои го уловиле.

Инаку овие сорти на риби растат доста бавно а според рибарите истите се пуштени во езерото „Гратче“ уште во времето на Југославија, односно пред околу педесет години.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ