ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“

јули 4, 2023
1 минути

Во општина Кочани започна нов проект „Запознај ги убавините на општина Кочани“, кој во наредните дванаесет месеци ќе го имплементира Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Здружението на бизнис жени“ – Скопје.

Оваа активност се реализира во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот е кофинансиран од Општина Кочани. Главна цел на проектот е рурален и алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости за креирање богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани.

Целна група ќе бидат минимум 20 жители на општина Кочани, со акцент на жителите на руралните средини, а ќе бидат вклучени и минимум 3 лица од маргинализирани групи (лица со хендикеп, жени – жртви на семејно насилство, членови на еднородителски семејства, претставници од етнички малцинства). Ќе бидат вклучени 10 мажи (50%) и 10 жени (50%) во посебни сегменти од проектот.

„Освен некоја форма на масовен туризам на неколку локации која е сезонска или поврзана со одредени празници, во општина Кочани туризмот е на незавидно ниво. Посебно кога станува збор за рурален и алтернативен туризам, кои во поседно време земаат сериозен замав во општеството. Спротивно од тоа, општина Кочани располага со голем број на знаменитости, верски локалитети, културни манифестации кои можат да бидат добра основа за развивање на рурален и алтернативен туризам. Бидејќи овие форми на туризам се доста комплексни, нашиот проект ќе биде насочен конкретно кон културно-историски, верски туризам и гастрономија, односно креирање на туристичка понуда која ќе биде една целина, а ќе вклучува повеќе сегменти“, изјава Ирена Мирчовска – координатор Бенефитот од проектот ќе биде повеќестран. Директен бенефит ќе имаат целната група – минимум 20 жители на општина Кочани (мажи, жени, лица од маргинализирани групи) кои ќе бидат директни креирачи и реализатори на туристичката понуда, како и општина Кочани која ќе биде промовирана и посетувана, а непроценлив е и бенефитот на самите посетители/туристи кои ќе ги уживаат благодетите на самата понуда.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Очекувани резултати од проектот се:

– Идентификувани и развиени локални туристички можности за културно-историски, верски туризам и гастрономија;

– Развиени капацитети за културно-историски, верски туризам и гастрономија;

– Зголемена видливост на потенцијалите на културно-историски, верски туризам и гастрономија..

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ