НА КРАЈОТ ОД ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД КОЧАНСКА РЕКА“ СО НЕКОЛКУ НЕДОСТАТОЦИ

декември 4, 2021
0 min read

Како што стојат работите на терен по повлекувањето на механизацијата од коритото на Кочанска река по изгледа дека проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“ е завршен.

Но ако се појде на самото место каде се изведуваа работите ќе се забележат низа недостатоци кои сепак му даваат една грда слика на целиот проект кој според најавите требаше да даде една посебна убавина на овој потег од Кочанска река.

Шеталиштето за рекреативците од десната страна е со низа нерамнини, а потпорниот ѕид од левата страна на реката кој требаше да биде само со украсен камен на еден дел има поголема површина на бетонски ѕид.

По се изгледа дека изведувачот на работите „АТП“ од Свети Николе го искористи вакумот на Локалните избори кога претходниот градоначалник поради учество во кампањата не смееше секојдневно да го посетува објектот, а новоименуваниот градоначалник од оправдани причини отсуствуваше неколку седмици, па набрзина за да го запазат рокот го направија проектот каков што е сега.

Но главниот финансиер на проектот „Светска банка“ како и Општина Кочани си имаат служби кои сето тоа ќе го проверат на самото место па ќе го донесат конечниот заклучок дали е се направено како што беше договорено.

С. Ивановски