„НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ“ – КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
април 8, 2024
1 минути

Екипата помали пионери на ГФК „Осогово“ доби нова опрема за натпреварување донација од осигурително-брокерското друштво „Наше осигурување“ од Кочани.

 

По тој повод З.Г. „НИКОЛА МАНТОВ“ од Кочани како иницијатор на донацијата упатува јавна благодарност до „Наше осигурување“ за континуираната поддршка што оваа компанија ја дава за ГФК „Осогово“ со особен аспект на неговите млади натпреварувачки категории.

Со донацијата од „Наше осигурување“ се заокружи циклус од донации со кои во период од неполни два месеци нови гарнитури опрема добија: двете пионерски екипи на нашиот клуб, двете екипи кои се натпреваруваат во Детската лига, а два комплети нова опрема доби и сениорската екипа на „ГФК „Осогово“.

Во оваа прилика се заблагодаруваме на сите донатори на нова опрема, а тие се: нашиот интернационалец Јован Манев, Печатницата „Европа 92“, „Наше осигурување“ Кочани, „Копро“, нашите сограѓани Љупчо Ѓоргиевски-Упа и Марјан Стоименов, пицерија „Аквариум“, ПЗУ „Вивадент“ и членовите на З.Г. „НИКОЛА МАНТОВ“.

ЗГ „Никола Мантов“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ