НА ПОНИКВА, ЕКО АКЦИЈА НА ИЗВИДНИЦИТЕ ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“

август 15, 2025
0 минути

После успешно завршениот Камп во Буљарица (Црна Гора), кој беше организиран од страна на Извидничкиот одред ,,Јадран ” од Скопје, денес извидниците добија покана од раководителот на одморалиштето Пониква, Дани Стоименов за еко акција и тие како вредни и хумани луѓе воопшто не се двоумеа да ја прифатат.

Еко акцијата се однесуваше на чистење на дворот и околината на одморалиштето каде престојуваа повредените од пожарот.

Одредот е горд на своите извидници чија мисија и цел е подај рака ,биди хуман и ,,Создавај подобар свет”

ИО „Ластовица“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ