НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во Спорт
јули 23, 2023
1 минути

Во рамките на подготовките за натпреварите во Втора Фудбалска Лига, денес „Осогово“ го одигра првиот контролен натпревар.

Кочанчани на гостувањето во Македонска Каменица загубија од домаќинот „Каменица Саса“ со 2:3 (0:1).

Ова беше убава можност новоименуваниот Шеф на стручниот штаб на „жолто-сините“ Добринко Илиевски и неговиот помошник Горан Гоцевски да ги испробаат сите играчи кои во моментот им се на располагање и да видат до каде се дојдени за време на подготовките.

Домаќините поведоа со 1:0 со голот на Стојов а набргу потоа не реализираа удар од белата точка. Со тој резултат се замина на одмор.

На почетокот на вториот дел домаќините го зголемија водството а стрелец на погодокот беше Симевски. Набргу „жетварите“ намалија преку Манов за да неколку минути подоцна домаќините и по трет пат ја погодат мрежата на гостите од Кочани. Стрелец од пенал беше Симевски.

Конечниот резултат 3:2 го постави Илиевски.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ