Од неодамна на тениските терени во Спортскиот Центар „ЗОРИК“ во Кочани почна да работи школата за тенисери.
Под будното око на тренерот Христијан Митевски, пет дечиња двапати седмично по час и половина помилуваат на тениските терени. Дека тренинзите се интересни зборуваат насмевките на идните тениски шампиони.
Иво, Лука, Инес, Николија и Милица внимателно ги слушаат советите на тренерот и се трудат секоја негова замисла да ја претворат во реалност.
Убаво е кога децата уште од најрана возраст ќе покажат интерес за некој спорт, а уште поубаво ќе биде доколку продолжат со години да се занимаваат со истиот, бидејќи тоа е гаранција за создавање на идните шампиони.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ