ВРАЧЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА НА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ ВО КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

Во Спорт
февруари 1, 2023
0 минути

Со пригодна свеченост која во организација на Општина Кочани се одржа во Хотел „Национал“ во Кочани а во присуство на претставници од спортските клубови и спортски здруженија вечерва беа врачени признанијата на најуспешните спортисти во Кочани за 2022 година.

Признанието „Најуспешен спортист во Кочани за 2022 година“ му беше врачено на фудбалерот на ГФК „Осогово“ од Кочани Тоше Манев, како и на останатите дбитници: Јована Давиткова (шах), Мартин Андонов (гимнастика), Симона Веселинова (фудбал) и Наталија Карова (карате). Признаијата им ги врачи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Во категоријата „Млад надежен спортист“ сите предложени четиринаесет спортисти добија признанија.

Признанието „Најдобар клуб“ им беше врачено на членовите од пингпонграскиот клуб „Кочани“ а за „Најдобар тренер“ на Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“.

Бранко Богатинов го доби признанието „Спортски работник“ а посебно признание за несебично помагање на спортот во градот го доби Здружението на граѓани „Никола Мантов“.

Јован Манев доби посебно признание „Спортска личност“ за достојно претставување на Кочани надвор од границите на Македонија.

С.  Ивановски