ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА 1. „МАЏАРИ“ СЕ ПРОШЕТА НИЗ КОЧАНИ

Во Спорт
ноември 14, 2022
1 минути

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „МАЏАРИ“  65:108

(23:32;  15:27;  21:22;  06:27)

Во дерби на колото во Трета Кошаркарска Лига – група 1 екипата на Маџари како гостин славеше на „жешкиот“ терен во Кочани.

Кошаркарите на гостинската екипа беа за класа подобри од домаќините за што сведочат бројките по четвртини.

Уште по првото полувреме беше јасно дека бодовите ќе отпатуваат од Кочани бидејќи гостите направија предност од 21 кош (38:59) која „Баскет Дино Деликатес“ и покрај тоа што беше на крилјата на гледачите не можеше да ја надомести.

Единствено речиси изедначена беше третата четвртина која кошаркарите на „Маџари“ ја добија со еден поен разлика за да во последниот квартал од играта покажат дека се многу подобра екипа од кочанчани.

Кошевите за домаќините ги постигнаа: Илијев 20, Лазарев 20, Петров 8, Ѕ’мбов 6, Петрушевски 2, Ивановски 2, Ефремовски 2, Манев 2, Христов 2, Манасиев 1.

С.  Ивановски