НАБАВЕНО НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ

декември 20, 2023
0 min read

Амбулантно возило марка „Пежо Боксер“ од денес ќе биде на располагање на пациентите кои ќе побараат помош во Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Со новото амбулантно возило ќе се обезбеди поголема мобилност на медицинските екипи и ќе биде од корист во извршувањето на медицинските услуги на населението.

Возилото е обезбедено од сопствени средства на Општа болница со проширена дејност – Кочани а истото е опремено со стандардна медицинска опрема, за превоз и интервенција на пациенти.

„По една деценија Јавната здравствена установа Општа болница од Кочани обезбеди ново амбулантно возило за потребите на пациентите во општината и регионот.  Со ова драстично се подобрува состојбата на возниот парк во служба на пациентите. Возилото е обезбедено од сопствени средства на институцијата. Како здравствена институција продолжуваме да се стремиме да обезбедиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и задоволување на потребите на пациентите“, беше изјавата на Душанка Горгиева Трпевски, в.д директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ