Искршените корпи за отпадоци, уништените реквизити во детските игралишта, цртањето графити на „Споменикот на слободата“, уништени и украдени метални огради од ПД „АСНОМ“ и Рекреативниот Центар „Бавчалук“ станаа минато, сега целта на вандалите се опкружувањата на најмладите, на градинките.
Фотографиите се направени утринава (првиот работен ден од оваа седмица) во Детска Градинка „Павлина Велјанова“ – „Клон 3“ (Сончогледи).
Што оставиле вандалите за време на викендот јасно се гледа. И така вандалите се забавуваат како сакаат и кога сакаат бидејќи нема ама баш буквално кој да ги сопре.
Иако надлежните постојано се информираат нивната инфериорност и незаинтересираност само ги стимулира „ноќните птици“ кои под дејство на некои супстанци лудуваат и не само што го вознемируваат населението, туку и уништуваат дел од заедничките добра.
До кога? Само севишниот го знае одговорот.
С. Ивановски