ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ДВЕ МЛАДИ МОМЧИЊА ПОВРЕДЕНИ

јануари 8, 2022
0 минути

Вечерва после 21:00 часот на улицата „Кеј на Револуцијата“ во Кочани во близина на ДК „Бели Мугри“ се случи сообраќајна несреќа во која две млади момчиња се повредени.

Според очевидци возилото марка „БМВ“ со кочански регистарски таблички во кое биле двете млади момчиња се движел од мостот кај „Шопинг центарот“ во правец кон „Паркот на револуцијата“ кога засега од необјаснети причини  излегло од коловозот и удрило во едно од дрвата.

Двајцата повредени се пренесени во Општа болница со проширена дејност – Кочани а на место на сообраќајката излезени е увидна екипа од Полициска станица Кочани која ги испитува причините на несреќата.

С. Ивановски