НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЧКИ ТВОРБИ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС НА ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“

март 31, 2023
0 минути

Во рамките на програмските содржини од Фестивалот на децата, книгите и музиката и одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца, денеска беа доделени наградите за најуспешните творби од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката „Искра“ во соработка со Општина Кочани.

Ученици од основните училишта од Кочани, пишуваа под шифри на темите: Јас сум книга, читајте ме и Книгата – моја верна ѕвезда водилка. За најуспешни беа избрани  прозните творби на: Мелани Векова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Лана Лазарева  (ОУ „Св. Кирил и Методиј“) и Анастасија Богданова (ОУ „Раде Картовче“) и песничките на учениците од одделенска настава: Михаил Велков (ОУ „Раде Кратовче“), Мелани Симјонова и Давид Велков (ОУ „Крсте Мисирков – Оризари).

Ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ ја прочитаа на македонски и на англиски јазик меѓународната порака по повод Денот на литературата за деца, а се одржа и ликовна работилница со талентирани ученици од Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ