На XXIV Општински натпревар „Млади библиотекари-2026“, кој се реализираше во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, зедоа учество шест ученици со нивните ментори: Катерина Лазаровска, Сузана Атанасова и Виолета Цекова.
Учениците покажаа одлични познавања од Библиотекарството за што им честитаме и им благодариме за учеството и ги освоија следните места:

– Прва награда освои Лана Манасиева, IX одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на Катерина Лазаровска;
– Втора награда освои Бјанка Димов, VIII одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на Сузана Атанасова;
– Трето место освоија ученичките:
Јана Атанасова, VIII одд. од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, под менторство на Виолета Цекова, и
Магрдалена Стојменова, VIII одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на Сузана Атанасова.

Првонаградената ученичка ќе учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, и ќе се одржи на 15 мај во Библиотеката при Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
