НАЈАВА ЗА МЛАДИНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

април 20, 2023
1 минути

Почитувани средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, почитувани студенти и млади лица.
Црвен крст на Република  Македонија – Општинската организација  Кочани Ве поканува да земете учество на Младинската крводарителската акцијата што ќе се одржи в понеделник, на 24 април 2023 год. со почеток од 09:00 до 13:00 ч. во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани.

A99

За таа цел ги покануваме сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти.
Мал гест како дарување на крв може да направи голема промена во животот на лицата на кои крвта им е потебна.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ