СО ЕКО АКЦИЈА ИО „ЛАСТОВИЦА“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ“

февруари 22, 2022
1 минути

По повод 22 февруари, „Светски ден на извидниците“ ИО „Ластовица“ од Кочани организираше  еко-акција со што на еден симболичен начин го одбележа празникот.  На потегот од „Мостот кај Зебец“ па сé до Рекреативниот центар „Бавчалук“ беа засадени 22 седници, кои го симболизираат  денот на извидниците.

Со ова кочанските извидници се вклучија во активностите за ревегетација на овој потег, за кој се очекува да прерасне во едно од најпосетуваните места за рекреација на кочанчани.

Садниците се обезбедени со помош на Локалната самоуправа, а на самиот настан присуствуваше а воедно извидниците и ги поздрави Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

С. Ивановски