Денес Скопје беше домаќин на Државното Првенство во карате за кадети, јуниори и У-21.
Карате Клубот „Кочани“ учествуваше со двајца натпреварувачи од кои Наталија Карова – категорија У-21 до 50 килограми го освои третото место и бронзениот медал, додека Илија Охомуш настапи о категорија У-21 до 75 килограми и на крајот се пласираше на 5-тото место.
Со својот пласман Наталија Карова се избори за Плеј-Офф натпреварот каде секој првопласиран во својата категорија ќе обезбеди учество на Европското Првенство кое ќе се одржи во Полска.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ