ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК

Во Спорт
март 22, 2022
0 минути

Иако беше најавено дека годинешните натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе започнат во Недела (20 Март) сепак со цел да се подобро подготват екипите стартот на првенството е поместен за следната Недела, односно за 27 Март.

Како што веќе најавивме во годинешното првенство ќе настапат шест екипи „Карбинци“, „Малеш“, „Рудар“, „Овче Поле“, „Чешиново“ и „Дојранско езеро“.

Според извлечените броеви во првото коло ќе се сретнат:

„Карбинци“ – „Овче Поле“

„Малеш“ – „Чешиново 2015“

„Дојранско езеро“ – „Рудар“.

С. Ивановски