Од група граѓани добивме фотографии кои се направени на излетничките места во горното течение на Кочанска Река.
Преку порталот komarec.com.mk ги замолуваат надлежните служби да го посетат и овој дел од градот и да го соберат сметот кои некои излетници го собрале во кеси и го ставиле во и околу поставените корпи за отпадоци.

„Ништо не бараме повеќе, никого не напаѓаме ниту сакаме некого да навредиме, сакаме само да појдат од Водовод и во горниот дел од реката да го соберат оставениот смет. Ние како љубители на природата воопшти не ги оправдуваме и тие излетници што рака на срце го собрале сметот ама наместо да го понесат со нив и да го фрлат во првиот контејнер тие го оставиле во и околу корпите за отпадоци. Природата ни е убава само треба и ние да се грижиме за неа.“ кратко ни напишаа во реакцијата.

Лично се надеваме дека како што изминатите месеци детално се чисти градот од вештачките депонии така и овој пат ќе се интервенира и ќе се собере фрлениот смет.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
