НЕКОГАШНАТА ГОРДОСТ НА КОЧАНИ КАКО СЦЕНА ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ

март 9, 2022
0 минути

Смет на сите страни, искршена и украдено метална ограда, хигиенски услови речиси под нулата, и сето тоа во центарот на Кочани кај некогашната негова гордост, Пионерски Дом „АСНОМ“.

Ако го поставиме прашањето дали некој се грижи за она што ни го направи и како аманет ни го остави претходната држава, по посетата на „АСНОМ“ и неговата околина ќе речеме едно големо НЕ.

Кочанчани некогаш се гордее со овој дел на градот, а денес? Денес се срамат ама оние кои си го сакаат градот а не оние кои како штуки го нападнаа од сите страни и влегоа во него.

Во непосредна близина на „АСНОМ“ е старата касарна место во кое кон средината на деведесеттите години живееше само еден наш сограѓанин кој немаше услови каде да го поминува и денот и ноќта, за да потоа политичките партии почнаа да вдомуваат дојденци од речиси сите страни на Македонија, зошто? За да им се најдат при изборите.

Ако првата идеја беше кога ќе се најде простор да се иселат овие луѓе и на тоа место се изгради старечки дом, сега веќе таа идеја е застарена, точно е дека се најде локација каде да се сместат луѓето од „Старата касарна“ но по се изгледа овде ќе нема никаков дом за стари лица, туку ќе никне некоја повеќекатница за да се задоволат нечии потреби.

А до иселувањето на луѓето има доволно време некој да отиде и да го исчисти тој простор бидејќи во топлите денови истиот може да биде извор на многу заразни болести.

С. Ивановски