НЕКОЈ И ЗА ПРАЗНИК НЕ МИРУВА, ПОВТОРНО ГОРИ ДЕПОНИЈАТА

април 24, 2022
0 min read

Некој и за празник не мирува, главната депонија повторно гори. Ако пред некој месец пламените јазици беа мали а густиот чад го загадуваше воздухот, вечерва огнот е голем а чадот повторно го загадува воздухот.

Од фотографиите што пред малку ни беа испратени може да се забележи дека не е ова самозапалување туку дека пожарот е плод на човечки фактор.

Убаво се гледа дека на четири места е подметнат пожарот бидејќи растојанијата од едно жариште до друго е јасно видливо на фотографиите иако истите не се баш најјасни.

Време е за нова аларм во ТППЕ – Кочани но и кај оние кои треба да го обезбедуваат овој простор.

С. Ивановски