На инсистирање на некои наши сограѓани еве уште еднаш решивме да напишеме збор-два дека депонијата повторно гори иако искрени да бидеме се бевме откажале.
Залудно пишувавме и досега кога никој тоа не го засега. Ниту ги интересира што дише населението, ниту ги интересира дали се нарушува животната средина, ама баш ништо не ги интересира, епа затоа една од причините што в.д. директорот Перо Гeоргиевски си поднесе оставка (која во меѓувреме беше прифатена) беше токму немањето сили сам да се избори да се изгасне депонијата.
Добро е што граѓаните уште ни пишуваат, но кој и нив ги слуша, надлежните сега се зафатени со други приоритетни работи: дали и колку од споменатата бројка (која ја споменуваше Гeоргиевски) ќе биде отпуштена од „Водовод“ поради немање обем за работа, а и годишните одмори се во полна фаза, а оние што нема да отидат на одмор ќе се печат на сонцето и ќе се гушат во она што излегува од депонијата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ