КОГА ТОГАШ ПРИРОДАТА ЌЕ НИ ВРАТИ

октомври 22, 2021
0 минути

Патот кон „Пониква“ сега во овие есенски денови навистина делува прекрасно, но само од уметничкото дело кое го создало мајката природа, но не и од поединци кои без никакво домашно воспитување ми љубов кон природата и понатака се однесуваат арогантно. До кога вака: по се изгледа додека природата не почне да ни враќа.

Ако во непосредна близина на Шумската куќичка Пашаџиково некој се дрзнал да истовари неколку камионски приколки изваден асфалт, други се погрижиле да во непосредна близина на „Градската депонија“ фрлаат смет во кеси онаму на кој како ќе му дојде на ум (секако доколку нешто такво имаат).

Доколку надлежните се заинтересираат сторителот за истоварениот асфалт покрај патот ќе го пронајдат бидејќи оние кои го имаат извадено со сигурност знаат камионите натоварени за кого го носеле.

За асфалтот кој како што не информираат стои таму од летните месеци ако се сака може да се открие за оние неранимајковци што ги фрлаат кесите само можат тие самите да знаат кои се.

Ќе се стави ли некогаш крај на ова лудило или ќе чекаме природата да почне да ни враќа. Кога, тогаш и тоа ќе ни се случи.

С. Ивановски