НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА МАНДАТОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: ОСТАВИВ ДЕЛА КОИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ЗА ЕДНА СОВРЕМЕНА ВИЗИЈА

ноември 5, 2021
0 min read

Почитувани,

Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати за Кочани од Локалните избори – 2021, со што го завршувам мандатот како градоначалник.

На оваа функција пристигнав тивко, се посветив максимално и вградив четири години од животот во дела кои ќе сведочат за една современа визија и отворен пристап во решавање на проблемите. Токму затоа не се чувствувам поразен!

Заминувам уште потивко, со огромно задоволство, од таму од каде што дојдов, таму каде што припаѓам.

На сите ви благодарам за поддршката и довербата.

До новиот градоначалник упатувам искрени честитки и најубави желби за големи успеси.