НОВ КАБИНЕТ ЗА ЛИКОВНО ВОСПИТУВАЊЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

март 7, 2025
1 минути

Денес во употреба го пуштивме кабинетот по ликовно образование со кој дополнително ќе го подигнеме квалитетот на наставата.

Училишното бифе кое беше нефункционално многу години денес е наша гордост и го опремивме за кабинет по ликовно образование.

Просторијата е избелена, сменето е осветлувањето, поставен е нов епоксиден под, поставена е бела табала, поставени се штафелаи за цртежи, нови маси и столчиња.

Продолжуваме и понатаму да ги подобруваме условите за нашите ученици и наставници во нашето училиште ООУ,,Никола Карев”-Кочани твојот најдобар пријател

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ