НОВ ПОРАЗ ЗА „ОСОГОВО“ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО

Во Спорт
ноември 2, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига а екипата на „Осогово“ и овој пат на гостувањето во Тетово против домаќинот „Тетекс“ доживеа пораз од 0:3 (0:2).

Не се прослави одбраната на „жетварите“ која повеќе изгледаше порозна отколку цврста, трите погодока кои домаќините ги постигнаа преку Азис Јамини (33’42’) и Славчо Мисајловски (53’) беа по уфрлања по земја од бочните позиции.

Освен во Тетово домаќините единствено ги прокнижија трите бода во Новаци, каде истоимениот клуб си поигра со еден од дебитантите во второлигашката конкуренција.

Во Неготино и Штип немаше победник. Додека на гости славеа „Шкендија“ (А) во Прилеп, „Скопје“ во Македонска Каменица, „Беласица“ во Гевгелија и „Охрид“ во Ресен.

Следното 11 коло се игра на 04.11. (Вторник) со почеток во 13:30 часот.

Резултати од 10-тото коло:

Тетекс – Осогово  3:0

Победа – Шкенсија (А)  0:1

Кожуф – Беласица  0:2

Вардар (Н) – Слога 1934  2:2

Новаци – Големо Коњари  7:0

Каменица Саса – Скопје  1:2

Преспа – Охрид  0:2

Брегалница – детонит Плачковица  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ