СООПШТЕНИЕ ОД КПС „МОСКИТО“ – КОЧАНИ

Во Спорт
февруари 17, 2024
1 минути

КПС Москито -Кочани започнува со плакање на чланарина за 2024 година.

Чланарината е во износ од 500 ден а средствата ќе се уплаќаат на сметка 210-0757571801-06 Тутунска Банка.

Цел на дознака, членарина за 2024.

Со уплата на членарината на клубот и потпишување на пристапницата станувате член на КПС Москито.

Со зачленување добивате:

Членска карта од клубот,

Совети за набавка на планинарска опрема,

Опремата на клубот за користење ви е бесплатна, при организација на планинарска тура во Македонија или надвор, Организацијата не ја плакате,

Превозот ви е поевтин,

Ќе имате учество во кампови,

Ќе научите да ја користите планинарската опрема , вештини со јаже , движење по ферати и сл.

Исто така се организираат и велосипедски тури во Македонија и надвор од Македонија

Со почит КПС МОСКИТО-КОЧАНИ

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ