Ништо не е случајно кога сите се ставаме пред законите кои за жал функционираат само за поединци но не за сите.
Пред малку ги добивме овие фотографии на кои јасно се гледа дека на влезот од „Главната депонија“ „луѓето“ создале нова депонија.
На враќање од пониква или на патот кон Пониква се отвораат прозорците од возилата и се фрлаат неконтролирано ќеси полни со смет. Да е само тоа лесно ќе се исчисти, но поединци со товарени трактори го носат сметот и го остават онаму каде не треба а од главната депонија се само на 50 метри, за кои нема многу гориво да се потроши.
Тие т.н. невоспитани граѓани веќе направиле нова депонија на влезот од „Главната депонија“, но што со оние кои се задолжени за одржување чистотата во општината.
Но така е веќе подолг период, се додека сите не сме исти пред законите вака ќе биде а кога ќе дојде време истите закони подеднакво да се применуваат за сите ова сигурно нема да ни се случува.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ