ПОЖАР КАЈ СПОМЕН ДОМОТ „АСНОМ“

август 8, 2024
1 минути

Вечерва околу 21:30 часот избувна голем пошар на јужната страна од Спомен Домот „АСНОМ“ во Кочани. Најпрви помеѓу „АСНОМ“ и околните куќи почна да гори сувата трева, а откако пожарот се зголеми се запалија и боровите дрвја кои ги има на оваа локација.

 

Територијалната Против Пожарна Единица – од Кочани како и доброволци од Доброволното противпожарно Друштво Кочани со три возила интервенираа.

Во моменто две возила го гаснат огинот да не се префрли кон зградата на „АСНОМ“ а едно возило интервенира кај семејните куќи за да и тие не бидат зафатени.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ