НОВА ИЗМАМА, И ЗЕЛЕ ЗЛАТЕН НАКИТ И ПОБЕГНАЛЕ

јануари 28, 2022
1 min read

На 27.01.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Кочани, 22-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 25.01.2022 околу 10.30 часот во семејната куќа, била измамена од едно женско лице.

Според пријавеното, лицето ја довело во заблуда дека може да ѝ помогне доколку ѝ даде златен накит.

Како што е пријавено, таа ѝ дала златен накит, но после тоа не можела да стапи во контакт со неа, по што сфатила дека била измамена.

Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип