НОВАТА ФАСАДА СО НОВА ДЕКОРАЦИЈА

јуни 4, 2023
0 минути

И после триесет години не научивме дека да се однесуваме како дел од цивилизираниот свет. Доказ за тоа е  континуираното уништување на заедничките добра и анархистичкото однесување на дел од населението.

Овие графити се на новата фасада од некогашниот „Комитет“, не чекаа ниту година да помине а морал некој да се најде и сето тоа што некој си го направил да личи како што треба, со еден потег да го направи грда слика.

По кој пат треба да се напише дека поставувањето на камерите по градските улици се неопходни.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ