НОВИ САДНИЦИ НА УЛИЦИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ И „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ ВО КОЧАНИ

мај 22, 2024
0 минути

На улицата „Борис Трајковски“, која е во фаза на рехабилитација, деновиве се сади млада високостеблеста вегетација.

Според комуналниот инспектор, на тротоарот спроти Зелениот пазар, се засадени 17 стебла топчест јасен и црвена слива.

На тротоарите на улицата „Стево Теодосиевски“ се обновени искршените стебла.

Дополнувањето и обновувањето на јавните површини со нови садници ќе продолжи и наредниот период.

Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не го оштетуваат зеленилото.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ