И ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ПУБЛИКАТА ЗАДОВОЛНИ ОД ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

мај 22, 2024
1 минути

Синоќа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани учениците и наставничкиот кадар на ООМУ „Ристо Јуруков“ успешно го реализираа најавениот хуманитарен концерт под мотото „Мај, месецот на младите и музиката“.

Концертот е организиран во соработка со Ротари Клуб „Кочани-Виница“ а собраните средства ќе бидат наменети за опремување на просторија, односно музичко студио во самото училиште.

Настанот е дел од Проектот „Направи разлика“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, финансиран од американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

По завршување на концертот задоволството како на организаторите, така и на посетителите беше на највисоко ниво.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ