НОВИНАРОТ ТОНИ АЈТОВСКИ – НАГРАДЕН ОД МППС ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ВО ИТАЛИЈА

јуни 19, 2024
1 min read

Македонската платформа против сиромаштијата, синоќа во Скопје ги додели наградите на новинарите, кои по објавениот конкурс, со своите истражувачки стории го понесоа епитетот „Гласник на невидливите“.

Награда за општествено посветен новинар што внимава да не гради стереотипи и не се води од сензационализам доби Тони Ајтовски, за истражувачката сторија „Македонските печалбари во Италија, не можат да го остварат своето право на пензија, по повеќе од две години“.

Сторијата е работена преку “Локал актив.мк – медиум на заедницата”, во соработка со граѓанскиот активист Зоран Биковски од Здружението “Жена” од Делчево.

„Задоволен сум што добив награда што поддржува известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство“ рече Тони Ајтовски во своето обраќање пред присутните.

Македонската платформа против сиромаштијата важи за сојузник во градењето на нова медиумска култура што подразбира одговорно известување за состојбите поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, но и однесување со достоинство кон лицата кои се наоѓаат во ранлива ситуација.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ