ТРИЕСЕТ ГОДИНИ „PICCADILLY“

април 8, 2023
1 минути

Во  предвечерјето на овој викенд со пригодна забава првото поголемо кафуле отворено во Градскиот Трговски Центар  во Кочани, „Piccadilly“ го прослави својот 30-ти роденден.

Да опстанеш триесет години на овие простори во овие бурни времиња е гаранција за квалитетно работење.

Клиентелата на „ Piccadilly “ која е постојано овде со голем респект зборува за квалитетната услуга, но и за историјата на кафулето, за тоа колкумина другари го формирале, а колкумина останале.

Но како и да е триесет години не е бројка за потценување, триесет години е бројка за респект.

Им посакуваме на сопствениците да го задржат квалитетот и да продолжат така да работат и во наредните години.

Честит јубилеј „ Piccadilly “.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ