НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“

април 23, 2026
1 минути

Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска.

Играат членовите на драмското студио:

Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Јана Гацовска, Вера Веселинова, Бојан Коцов, Софиа Богатинова, Петар Тасески, Ангела Личков, Мила Чучурски, Милена Постолова, Анастасија Алексова, Мартин Митев, Ева Марија Антовска и Макарија Иванова.

Премиерата на претставата е закажана на 27.04.2026 година (понеделник) во 18 часот.

На 28,29 и 30 април во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани училишни  посети наменети за деца од трето, четврто и петто оделение.

Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ