НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ

април 28, 2025
1 минути

НУ ЦК ,,Бели мугри“ – Кочани упатува јавна благодарност до сите донатори на ликовни и книжевни дела кои по нашиот повик за хуманитарно- продажната изложба донираа свои дела.

Најголем дел од донираните дела изминатите неколку дена добија нови сопственици.

Благодарност до Здружението на граѓани Support Ko“ – Кочани и младите волонтери за нивната логистика во изминатите денови.

Благодарност и до сите учесници на аукцијата и до сите хумани и солидарни граѓани кои купија материјално добро од културните творци.

Благодарност до медиумите кои го следеа и објавуваа текот на нашата хуманитарна иницијатива.

Центарот за култура под мотото: НЕ СТЕ САМИ и во наредниот период ќе ги обединува културните дејци и работници за подршка на настраданите во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март годинава.

Започнатата хуманитарно – продажната изложба ќе трае до 07.05.2025 година, со сите непродадени  донирани ликовни и книжевни дела. По завршувањето на изложбата јавно ќе биде објавен Извештајот за собраните финансиски средства, кои преку наменската сметка на ЗГ ,,Supoprt Ko“ ќе бидат трансферирани на настраданите, повредените и нивните семејства.

НЕ СТЕ САМИ

НУ ЦК ,,Бели мугри“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ